Експлодира запалка оставена на совозачкото седиште, опожари комбе и повреди возач во Гази Баба

Опожарено комбе, повреден возач, разгорен помошен објект и автомобил кој се нашол на патот. Ваков е епилогот од пожарот што вчера се случи во комбе на улицата „Благоја Стефковски“ во населба Маџари во Скопје.

Комбето, како што информираа од полицијата, било управувано од З.Т.(62). Според пријавеното, пожарот настанал откако пукнала запалка оставена на совозачкото седиште, при што со повреди се здобил возачот.

Од пожарот бил зафатен и дел од помошен објект на улицата, сопственост на Т.Т.(49), како и патничко возило „тојота аурис“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Т од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.

Претходна вестСекој четврт возел пребрзо, 11 биле без дозвола, седуммина поминале на црвено…
Следна вестПумпите работат но 200 куќи во Бардовци немаат вода