Секој четврт возел пребрзо, 11 биле без дозвола, седуммина поминале на црвено…

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, соопшти МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 11 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон при возење и седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажуваат од МВР.

Претходна вестГрад Скопје: Антикорупционерите исполнуваат политички агенди, се занимаваат со тривијалности
Следна вестЕксплодира запалка оставена на совозачкото седиште, опожари комбе и повреди возач во Гази Баба