Темен режим Режим на светлина

Екстремна состојба во североисточна Словенија по снежното невреме

Екстремна состојба во североисточна Словенија по снежното невреме Екстремна состојба во североисточна Словенија по снежното невреме

Североисточна Словенија е погодена од обилен и влажен снег што предизвика масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија, особено во поширокото подрачје на Марибор, како и сериозни нарушувања во патниот и железничкиот сообраќај. Погодени се и други делови од земјата, објави Slovenia Times.

Во североисточниот дел, околу 40.000 домаќинства снабдувани од Електро Марибор и уште околу 8.000 корисници на Електро Целје останаа без струја по врнежите што почнаа рано на 20 февруари. Прекините го нарушија и водоснабдувањето, како и автобускиот превоз што функционира на електрична енергија.

– Ситуацијата на терен е екстремна… сите тимови се во готовност и во постојан контакт со цивилната заштита и пожарникарите. Најголем проблем се дефектите на среднонапонските електроводови – изјави извршната директорка на „Електро Марибор“, Татјана Вогринец Бургар.

Прекини на електрична енергија се пријавени и во други делови од земјата, додека поради снегот и калта условите за возење се значително отежнати. На одредени делници е воведена забрана за сообраќај на приколки и полуприколки.

Во североисточниот регион повеќе патишта се блокирани поради паднати дрвја и лизгање на камиони. На патот од Сотина до граничниот премин Кузма кон Австрија се проценува дека околу 150 дрвја паднале на коловозот.

Железничкиот сообраќај исто така е погоден – паднати дрвја ја прекинаа линијата меѓу Шентиљ и Шпилфелд во Австрија, а на повеќе други релации има доцнења.

Според словенечката шумарска служба, снегот оштетил околу 50.000 кубни метри дрвна маса во неколку региони во земјата.

Поради временските услови на сила е „жолт аларм“ во дел од регионите, додека за Јулијанските Алпи е издадено предупредување за лавини. Се очекува врнежите да ослабнат попладне и да престанат до вечерта, а следната недела температурите да достигнат околу 15 степени Целзиусови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Не е доволен само чадор, за одење по дожд на скопските улици треба и непропустлив скафандер

Не е доволен само чадор, за одење по дожд на скопските улици треба и непропустлив скафандер

Следна објава
Украле пари, два сефа и мобилни телефони од финансиско друштво во Аеродром

Приведен 41-годишник од Битола за напад врз син, правел инцидент и во полиција