Темно Режим Светло Режим

ЕУ пак ни прати порака дека ептен е подготвена да не прими во Унијата

ЕУ пак ни прати порака дека ептен е подготвена да не прими во Унијата ЕУ пак ни прати порака дека ептен е подготвена да не прими во Унијата

ЕУ повторно ни прати порака дека е ептен подготвена за да ја прими Македонија во Унијата. Овој пат таа задача му припадна на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас.
-ЕУ е подготвена и не треба да чекаме повеќе, туку да го направиме овој важен чекор напред, истакна амбасадорот.

Ваквите пораки не се нови, напротив одамна ги добиваме. Од нив се подразбира дека исчекорот треба да го направи Македонија и да го смени Уставот како што сака Бугарија. Но, никако да добиеме порака од Брисел што ќе направи ЕУ за да не добиваме нови сопки во вид на вета во иднина.

На прашањето дали ЕУ има иницијатива за „повторно отворање на прашањето за дијалогот меѓу Скопјe и Софија”, амбасадорот Рокас одговори дека ЕУ ќе поддржи секоја иницијатива за соработка меѓу двете земји.

Што значи тоа ќе поддржи не е баш јасно. Како што не е јасно и дали Брисел ќе се држи до вообичаените критериуми за членство кои важеле за сите други членки или за Македонија и понатаму ќе има дипломатски флоскули од типот: Ги разбираме вашите фрустрации, ама треба само уште нешто да одработите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Ѓеорѓиевски: Нема вработувања во град Скопје – нема да дозволам злоупотреба ниту на денар од на буџетот

Ѓеорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам злоупотреба ниту на денар од на буџетот

Следниот Пост
Над 55.000 возачи со најмалку една забрана за возење, но има и двајца рекордери дури со по 40 забрани

Над 55.000 возачи со најмалку една забрана за возење, но има и двајца рекордери дури со по 40 забрани