Нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е пратеникот Драган Ковачки. Одлуката за неговото именување беше донесена вечерва на Централниот комитет на партијата.
За членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се избрани Александар Николоски, Владо Мисајлоски, Гордана Димитриоска Кочоска, Тимчо Муцунски, Луке Галески, Никола Мицевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташеминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николоски.
Кон нив ќе се придружат и новите претседатели на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ. Организационен секретар е именуван Ивица Томовски, додека шеф на кабинетот на претседателот на партијата е Владимир Нелоски, кој истовремено ја извршува и истата функција во владата.


