Темен режим Режим на светлина

Нема одговор од МВР – Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница, реагираат од СДСМ

СДСМ: Наместо луксуз за функционерите, 600 евра минимална плата СДСМ: Наместо луксуз за функционерите, 600 евра минимална плата

Соопштение на опозициската СДСМ:

МВР денеска соопшти дека заплениле 40 тони марихуана, шишиња произведено масло од канабис и биомаса во Македонија но не одговори на клучното прашање:

Кој дозволи 5 тони дрога да помине преку македонската граница?

Власта тера медиумската кампања во Македонија за дефокус.

Зошто не одговара МВР, зошто се молчи?

За да се пренесат 5 тони дрога потребни се многу камиони. 5, 10, 15 можеби.

Како е можно толку многу камиони да поминат преку граница и досега никој да не одговара во МВР, во Царина и во ниту една друга институција?

Началници, раководители, службеници, инспектори, министри. Без поддршка од структури високо во власта, во МВР, во Царина, во други институции, не може да се шверцуваат тони дрога преку граница.

Наместо да бега од одговорноста МВР да одговори на прашањето:

Кој дозволи 5 тони дрога да се шверцува преку граница и кој ќе одговара?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ѓеорѓиевски: Нема вработувања во град Скопје – нема да дозволам злоупотреба ниту на денар од на буџетот

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик со инфраструктурни проекти

Следна објава
(Видео) Како се превезува запленетата марихуана од струмичко

(Видео) Како се превезува запленетата марихуана од струмичко