„После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: Како 5 тони дрога поминала преку македонската граница”, стои во соопштението на СДСМ.
Според партијата, станува збор за огромна количина на дрога, а нема приведени, нема осомничени, ниту пак има информација кој се е замешан.
„Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5 тони дрога и “лесно невидливо” да ја преминат границата и да заминат за Србија? Каде се камерите на „Safe City”? Каде била полиција? Каде била Мобилна царина? Зошто немало контроли? Што правеле АНБ и АР?”, прашуваат од опозициската партија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





