Темно Режим Светло Режим

Фатен 41-годишен маж кој обивал и крадел од автомобили низ Скопје

46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал 46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал

Полицијата приведе 41-годишен жител на скопско Бардовци, кој бил затекнат додека вршел кражба во автомобил.

Утринава во 4:30 часот во кругот на Педагошки факултет Скопје полициски службеници од Полициската станица Карпош го привеле A.Б.(41) од с.Бардовци, Скопско, поради сомнение за кривично дело тешка кражба.

Според информациите на МВР, околу 3:45 часот на ул. Дрезденска полициски службеници го забележале при извршување тешки кражби од патнички возила. Тој бил приведен во полициска станица и му биле одземени украдените предмети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Левица: Според визијата на власта - децата треба да се дехуманизираат, да им се убие секој зрак индивидуалност и самосвест

Следниот Пост

Историчарите од Филозофскиот факултет: Творците на образовниот концепт покажуваат елементарно непознавање на материјата која мислат дека ја реформираат