Приведен крадец во Скопје. Имено, вчера во 18:00 часот полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода лицето Е.С.(27) од Скопје. Тој се сомничи дека на 22.8.2022 одзел повеќе предмети и туби со нафта од фирма во Скопје.
Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
Во службен разговор во полициска станица Е.С. го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





