Темно Режим Светло Режим

Филипче: Цените ќе растат и покрај владината одлука

Филипче: Цените ќе растат и покрај владината одлука Филипче: Цените ќе растат и покрај владината одлука

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше одлуката на Владата за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, оценувајќи ја како задоцнета и неефикасна.

Според него, и покрај мерката, граѓаните нема да почувствуваат реално намалување на цените, туку напротив – се очекува ново поскапување.

„Цените на горивата веќе три недели се покачени. Со ова намалување на ДДВ, граѓаните нема да видат вистинско намалување, туку цените ќе пораснат за дополнителни 4 до 6 денари“, изјави Филипче.

Тој го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека реагирал предоцна, дозволувајќи раст не само на горивата, туку и на цените на прехранбените производи.

Филипче смета дека владината мерка е „половична“ и дека не носи вистински ефект, обвинувајќи ја власта дека избегнува суштински решенија како намалување на акцизите и ДДВ за храната.

Како алтернатива, тој предложи сет мерки кои, според него, би имале реален ефект: намалување на ДДВ за горивата на 5 отсто, дополнително намалување на акцизата за четири денари, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините.

Инаку, Владата претходно донесе одлука за намалување на ДДВ за горивата на 10 проценти, мерка која треба да стапи во сила од 23 кон 24 март и да важи во наредните две недели.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Владата го намали ДДВ за горивата, ударот врз граѓаните ќе се ублажи

Владата го намали ДДВ за горивата, ударот врз граѓаните ќе се ублажи

Следниот Пост
Муцунски: Значаен исчекор во економската соработка со САД

Средби со врвот на ЕК: Муцунски ја турка евроинтеграцијата