Темен режим Режим на светлина

Официјална посета: Сиљановска-Давкова со низа средби во Загреб

Официјална посета: Сиљановска-Давкова со низа средби во Загреб Официјална посета: Сиљановска-Давкова со низа средби во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Во рамки на официјалната посета на Хрватска, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Македонската претседателка ќе се сретне и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Во текот на посетата, Сиљановска-Давкова ќе положи венец на Споменикот на татковината, а во градскиот парк „Бундек“ ќе оддаде почит и на спомен-бистата на Блаже Конески.

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, претседателката ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“ од македонската уметница Жанета Вангели.

Претходно, таа ја посети македонската православна црква „Свети Злата Мегленска“ во Загреб и се сретна со претставници на македонската заедница во Хрватска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Без струја неколку часа, планирани прекини во Скопје

Без струја неколку часа, планирани прекини во Скопје

Следна објава
ФЗО со итно предупредување: Проверете ги резервите на хелиум

ФЗО со итно предупредување: Проверете ги резервите на хелиум