Темен режим Режим на светлина

Намалено ДДВ, стабилизирани цени, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со навремени и прецизни мерки е прекинат трендот на раст на цените на горивата и дека Македонија има едни од најниските цени во регионот.

Како клучна мерка се посочува намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, со што, според партијата, директно се влијае врз стабилизирање на цените. Се очекува бензините да останат речиси непроменети, додека цената на дизелот да се зголеми умерено, за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо значително повисоко поскапување.

Од таму додаваат дека мерките носат и финансиски ефект за граѓаните, при што се проценува заштеда од околу 200 илјади евра дневно, односно околу 1,5 милиони евра неделно, врз основа на просечната потрошувачка на гориво во земјата.

Покрај ова, се разгледуваат и дополнителни интервенции, како што е користење на мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците во енергетскиот сектор и да се спречи евентуално зголемување на цената на електричната енергија.

Според партијата, овие чекори се насочени кон заштита на животниот стандард и спречување на ширење на поскапувањата во економијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ФЗО со итно предупредување: Проверете ги резервите на хелиум

ФЗО со итно предупредување: Проверете ги резервите на хелиум

Следна објава
Можни нови промени дури по 2027 година во Лигата на шампионите

Можни нови промени дури по 2027 година во Лигата на шампионите