Темен режим Режим на светлина

Филков: Широки консултации за измени во Изборниот законик, без разговори за една изборна единица

Министерот за правда, Игор Филков, за време на денешната прес-конференција на која информираше за реформската агенда и подготвените предлог-закони во изминатите десет месеци, ја коментираше важноста од консултациите за измени во Изборниот законик. Тој истакна дека досега не е било предмет на разговори дали земјата да стане една изборна единица, но нагласи дека овој пат сакаат да избегнат повторување на искуствата од минатото, кога препораките на ОДИХР се враќаа по секој изборен циклус.

-Сакаме да направиме широки консултации, за да не ни се повтори ситуацијата во која едно влегува во Собрание, а конечниот резултат е различен. Овој пат ќе се стремиме да ги вклучиме сите политички чинители и да работиме заедно на решавање на овие прашања, рече Филков.

Министерот изрази надеж дека во наредните две недели политичките чинители ќе имаат волја да седнат на маса и да ги разгледаат предложените измени, нагласувајќи дека има време за ова, доколку сите партии покажат политичка волја.

Тој додаде дека работната група ќе биде оптимизирана, при што ќе се водат од препораките на ОДИХР, кои ги смета за најбитни. Во однос на тоа дали ќе се интервенира во Изборниот законик по одлуката на Уставен суд за уставноста на одредбата за кандидатурата на независни советници и градоначалници, Филков изјави дека ќе се чека одлуката на Уставен суд.

Исто така, Филков беше прашан за неговиот став по средбата на работната група за реформи во правосудството, на која претходно бараше од Социјалдемократите да предложат нови членови за местата што ги заземаа Ана Чупеска и Ана Михајлова Стратилати. Министерот оцени дека средбата поминала во работна атмосфера, додека за тоа што претседателот на СДСМ не ги повлекол предложените кандидати, рече дека тоа говори за нивните капацитети.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Сиљановска Давкова за Законот за употреба на јазиците: Да се држат до Уставот и нема да згрешат

Следна објава

Ивановска: Претседателката на ДКСК мора да поднесе оставка за да ја ослободи институцијата од скандалот