Феноменалниот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, со години постигнува неверојатни спортски успеси. Не секогаш имаше доволно простор да постигнува повеќе, сетете се само дека во Австралија дури и го притворија и протераа оти не е вакциниран.
Сега му се случила нова непријатност. Имано, самиот Новак кажа дека бил шокиран од фактот што луѓето од Антидопинг агенцијата (ВАДА) побарале да му направат контрола (да му земат крв и мокрача) пред неговиот меч со Камерон Нори.
-Сè уште не сум направил целосна допинг контрола, треба да дадам крв. Имав кратка дискусија со луѓе од антидопинг агенцијата. Не верував дека донеле таква одлука, во 20 и повеќе години од мојата кариера не ми се случило час и половина пред натпреварот да треба да одам на допинг контрола. Имам своја рутина, не ми треба тоа одвраќање, да ми земаат урина и крв, да размислувам дали можам да дадам уруна во тој момент, вели Новак и додава.
Тој само добил објаснување дека мечот ќе завршел доцна па поради тоа решиле контролата да му направат пред почетокот.
-Јас го поддржувам тестирањето, ако треба и сто пати, без проблем, но не пред натпреварот. Кога ќе завршам, дојди, тестирај, не гледема никаква причина или логика. Срамота е тоа што го направија. Има некакви граници и разбирање, и се однесуваат како ништо да не разбираат што се случува овде, дека е спорт, туку само „ајде, што е работата, крв даваш, мочаш“, истакнал Ѓоковиќ.
Инаку, и покрај се, Ѓоковиќ победи со 6:4, 6:4 и го освои вториот бод, со што Србија се пласираше во полуфиналето, во Дејвис купот.




