Пелистер испрати жалба до ЕХФ за судењето во натпреварот против ПИК Сегед

Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер испрати жалба до Европската ракометна федерација поради судењето во натпреварот против ПИК Сегед. Од клубот сметаат дека не добиле адвекатен третман во текот на натпреварот.

– РК Пелистер во склоп на својата транспарентна и отворена врска со своите приврзаници ја информира јавноста дека поднесе официјална жалба на арбитражата на француските судии Карим и Рауф Гасми на натпреварот од осмото коло од групата А на Лигата на шампионите против ПИК Сегед. Сметаме дека нашиот клуб не доби адекватен третман во текот на целиот натпревар, делењето на правдата не беше соодветно на степенот на натпреварувањето и одлуките на судиите директно влијаеја на конечниот резултат и финалниот исход. Клубот го искористи своето право да се обрати до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и неговата судиска организација и да побара одговорност од делителите на правдата. Оваа жалба е одговорност кон нашите професионалци во клубот, армијата навивачи на Еурофарм Пелистер и македонскиот ракомет кој го претставуваме, соопшти Пелистер.

Пелистер го загуби натпреварот со 27:28, но се жали на арбитражата на судиите од Франција, Карим и Рауф Гасми.

Претходна вестЃоковиќ бесен: 20 години играм тенис, ама никогаш не ми барале да давам крв пред натпревар
Следна вестНе е развоен буџет оној што ја заборава науката и талентите