Темен режим Режим на светлина

Ѓорѓиевски: ЕБОР даде зелено светло – проектот БРТ во Скопје се деблокира

Дел од 100-те автобуси кои Владата ги вети за потребите на ЈСП треба да стигнат годинава, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот.

Тој дополнително појасни и дека Градот ќе продолжи со БРТ проектот.

„Од ЕБОР утринава ни е стигнато писмо со кое конечно се откочува проектот поврзан со БРТ.

Она што нас ни следи како обврска е да формираме проектна единица за многу брзо време и да направиме измена во планот за јавните набавки.

Освен овие 100 автобуси коишто Владата треба да ги испорача за Градот Скопје, ќе има уште најмалку 30 автобуси коишто преку проектот БТР ќе бидат дополнително обезбедени од Градот Скопје и за брзо ќе ја започнеме тендерската постапка и со тоа, рече Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Не смее да има алиби за неоправданите маржи и прекумерните профити врз грбот на граѓаните, кажа премиерот Мицкоски

Владата ќе намени 25 милиона евра за проекти во културата, дали дел ќе се искористат за Скопје и на пример реконструкција на Универзална сала?

Следна објава

Експерти од Македонија, Албанија и Косово на средба во Скопје посветена на унапредување на вклучувањето на лицата со попреченост