Темен режим Режим на светлина

Зеленски: Разговорите во Абу Даби треба да доведат до траен мир

Зеленски: Разговорите во Абу Даби треба да доведат до траен мир Зеленски: Разговорите во Абу Даби треба да доведат до траен мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа по новата рунда разговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби, изјави дека тие треба да доведат до траен мир и да не и даваат на Русија нова можност да ја продолжи својата војна.

„Во моментов, народот на Украина треба да почувствува дека ситуацијата навистина се приближува кон мир и крај на војната, а не кон ситуација во која Русија користи сè во своја корист и продолжува со своите напади“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.

Тој, исто така, рече дека Украина очекува да има нова размена на затвореници по почетокот на новата рунда разговори во Абу Даби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Утрово без струја во дел од Карпош и Аеродром

Утрово без струја во дел од Карпош и Аеродром

Следна објава
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Променливо облачно со локални врнежи од дожд