Темен режим Режим на светлина

Ѓорѓиевски: Пријателството со САД е мост кон сигурна и просперитетна иднина за Македонија

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на свеченото одбележување на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Настанот се одржа на покана на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и амбасадорката на САД во Македонија, Ангела П. Агелер.

„Три децении пријателство и доверба. Од 1995 година, кога ги формализиравме билатералните односи, заедно покажавме дека со доверба, решителност и соработка можат да се постигнат слобода, безбедност и просперитет,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека јубилејното одбележување е потврда за силното и стабилно партнерство меѓу двете земји, насочено кон иднината исполнета со развој и нови можности.

„Пријателството со САД е мост кон сигурна и просперитетна иднина за Македонија,“ порача Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

(ВИДЕО) Повреден мотоциклист по судир со автомобил

Следна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Денес сончево и топло, од утре дожд