Возач на мотоцикл од Скопје се здобил со тешки телесни повреди по сообраќајна
несреќа што се случи на булевар Александар Македонски, соопшти денеска МВР.
Од полицијата информираа дека несреќата се случила при судир помеѓу мотоцикл
управуван од повредениот и патничко возило марка „шкода јети“.
– Двајцата возачи се договориле на самото место и си заминале, по што подоцна
мотоциклистот побарал лекарска помош, при што бил донесен во Градската општа
болница „Св.
Наум Охридски“ со тешки телесни повреди – велат од МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




