Темен режим Режим на светлина

Го прегазил откако претходно се скарал со неговиот татко поради водоводна цевка, убиство во велешко

25 годишен жител на селото Виничани прегазил маж, откако претходно прегазениот се скарал со неговиот татко поради водоводна цевка. Обвинителството ќе го гони за убиство.

– Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

На 19 јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата, по што осомничениот заминал дома, го зел автомобилот Фиат панда сопственост на неговиот татко и со многу голема брзина се упатил директно кон оштетениот, намерно удирајќи го со возилото.

При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата, здобивајќи се со многу тешки телесни повреди од кои починал на лице место, соопштуваат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело.​

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во собраниската дебата за уставни измени

Следна објава

Меџити побара разбирање од дијабетичарите: Набавките требаше да започнат уште во декември од претходното раководство, доцнење веќе нема да има