Темен режим Режим на светлина

„Голф“ усмрти 68-годишен велосипедист во Тетово

Вчера во 15:30 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистерски таблици управувано од Т.И.(42) од Тетово, кое удрило во велосипед управуван од С.С.(68) од Тетово.

„Во незгодата С.С. се здобил тешки телесни повреди се констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им подлегнал на повредите и починал“, информираат од СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а за настанот е известен Јавен обвинител при ОЈО Тетово, соопштија од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонија со над 180 спортисти ќе атакува на прв медал на ЕМОФ „Скопје 2025“

Следна објава

Битола ќе добие спортски комплекс, и покрај манипулациите, порача Димитровски