Хакиран профилот на АТП и поставено знамето на Голема Албнија

Профилот на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) на Фејсбук и на Твитер беше хакиран од група Албанци, кои „насилно“ постираа објава со која го честитаа Денот на независноста на Албанија, заедно со фотографии од знамето на „Голема Албанија“. Фотографијата е од натпреварот помеѓу Србија и Албанија одигран пред речиси една деценија во Белград, каде што националистичкиот симбол беше летан со дрон

– Среќен Ден на независноста на Албанија. На овој голем ден нашите срца се полни со гордост додека го славиме духот на слободата и единството. Нека гордо се вее знамето на Голема Албанија, симбол на нашата богата историја и нека ја покаже силата на нашата нација, пишува на страницата за турнеја на АТП со знамиња на Албанија и на Косово.

Оваа порака повеќе часа стоеше на профилот на АТП организацијата, која се уште не информирала зошто е дојдено до вакво нешто.

Претходна вестЗОО Скопје: Вчерашниот ден бил најтежок за сите вработени
Следна вестМВР ја објави Вања за исчезната, носи протези, има бемка на десната страна од лицето