Вкупно 448 пациенти потврден и сомнителни за Ковид– 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, а голем дел од нив се на кислородна поддршка, соопшти денеска Министерството за здравство.
–И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември, се наведува во соопштението.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 448 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 27 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 20 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 132 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.