Во четврток со почеток во 22 часот оркестарот на Филхармонија ќе одржи хуманитарен концерт со наслов „PERASPERAADASTRА“. Мисијата е да се соберат средства за лекување на Игор Пармаковски, кој со години се бори со Кронова болест.
Освен хуманиот карактер на концертот посетителите ќе можат ексклузивно да го слушнат настапот на рускиот пијанист Димитри Маслеев, еден од најзначајните млади солисти на светската музичка сцена во моментов. Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија, а како солист ќе настапи и првиот трубач на оркестарот на Филхармонија -Драган Младеноски.
На програмата се две исклучителни дела од рускиот композитор Дмитри Шостакович – Концертот за пијано труба и гудачки оркестар оп.35 и Камерната симфонија во це-мол, оп.110а.