Темно Режим Светло Режим

И Хрватска увиде дека сега не е време за попис и го одложи

Пандемијата не дозволува да се одржи попис. Ова го одлучиле хрватските власти и официјално е соопштено дека е одложен пописот во Хрватска поради корона вирусот.

– Пописот нема да започне на 1 април, туку ќе се одложи, потврдил координаторот за попис во Централното биро за статистика Дамир Плесац за Н1.

Плесац објаснил дека Институтот сè уште не знае колку долго ќе се одложи пописот затоа што тоа ќе зависи од епидемиолошките мерки и одлуките на Владата и Парламентот, кои мора да го сменат Законот за попис.

Инаку, и други земји од Европа кои планираа попис на почетокот од оваа година го одложија овој процес поради пандемијата – меѓу нив се и Германија, Ирска…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Регистриран земјотрес со епицентар кај Кичево

Следниот Пост
Кривична пријава за Естонец во Скопје: Осомничен за злоупотреба на малолетник

19-годишна охриѓанка силувана од својот партнер