Норвешката полиција соопшти дека отворила истрага против поранешниот премиер и генерален секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, под сомнение за тешка корупција.
Одлуката за истрага против него се базира на информации откриени од новообјавените досиеја поврзани со починатиот американски сексуален престапник Џефри Епштајн.
Истрагата, меѓу другото, треба да покаже дали додека бил на функција примил подароци и пари.
Тој е една од неколкуте истакнати норвешки личности кои се соочуваат со истрага поради нивните врски со Епштајн.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




