Иран истрелал проектили кон Израел, се огласија сирените за тревога во повеќе израелски градови.
Првото предупредување за можен напад во Израел се случи утрово, приближно два часа откако тие и Соединетите Американски Државизапочнаа со напади врз Иран.
Известувањето од Командата за внатрешна одбрана, испратено директно на мобилните телефони, предупреди дека во таа област се очекуваат удари „во следните неколку минути“ и дека граѓаните треба да се подготват за влегување во бункери.
Израелската војска соопшти дека идентификувала проектили лансирани од Иран кон Израел.
„Во овој момент израелските воено-воздушни сили дејствуваат со цел да ги пресретнат и, доколку е потребно, да ги погодат заканите за нивно неутрализирање“, наведоа Израелските одбранбени сили. „Одбраната не е херметички затворена и затоа е неопходно јавноста и понатаму да се придржува до упатствата на Командата за внатрешна одбрана.“



