Центарот за управување со кризи соопшти дека до доцна синоќа скопските и кумановските пожарникари имаа акции за гаснење на пожари на отворено и успешно се справија со огнот. Во гаснењето на пожарите помогнало и месното население, коешто со трактори вршеше пресеки на одредени ниви со сува вегетација.
Три екипи на противпожарната единица со три возила и единаесет пожарникари интервенираа на потегот помеѓу кумановските села Агино, Брзак, Романовце и скопското Дељадровце. Други екипи вкупно две возила и петмина пожарникари гасеа пожар во атарот помеѓу липковско Лојане и кумановското Табановце.
-Во Агино, Брзак и Романовце, гореше стрниште сува трева, жито, во Агино село беше зафатена и кровна конструкција на викенд куќа. Поради претходно обилни дождови тревата е висока и го отежна гасењето, изјави заменик командир на ТППЕ Куманово, Борис Станковски.
Пожарот избувнал нешто по 14 часот а целосно е изгаснат во 21.
Во липковско Лојане и кумановско Табановце била зафатена сува трева и стрништа.
Фото: Архива



