Темен режим Режим на светлина

Јанчева: Арсовска во рок од 7 дена да ја предаде Универзална сала

smart

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во рок од 7 дена треба да ја подготви одлуката со која реконструкција на Универзална сала ќе ја преземе Министерството за култура, побара денеска СДСМ.

Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на оваа партија во Советот на Скопје, денеска изјави дека ​Универзална сала, симболот на солидарноста на Скопје, како и низа други проекти започнати од минатата локална власт на СДСМ, 20 месеци стојат в место.

-Иако државата има обезбедено пари, 120 милиони денари или 2 милиона евра, Универзална сала не е чепната една и пол година. Неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ во Скопје создаде хаос и нема реализирано ниту еден проект. СДСМ иако е опозиција во Советот, продолжува да работи за доброто на Скопје, за доброто на граѓаните. Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на СДСМ за предавање на ингеренциите за проектот за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура. Сега на потег е градоначалничката на Град Скопје, која во рок од 7 дена треба да ја подготви одлуката, потенцира Јанчева.

СДСМ апелира да се прифати оваа одлука на Советот и реконструкцијата на Универзална сала да ја преземе Министерството за да може овој значаен проект да биде завршен.

-Универзална е симбол на Скопје, симбол на солидарноста и по реконструкцијата таа треба да им се врати на граѓаните како важен репрезентативен објект во главниот град, нагласи таа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Се ближат избори: Пак ветуваат дека нема да поставуваат партиски директори

Следна објава

Шефот на ЦИА: Путин е крајниот апостол на одмаздата, тој неа ја сервира ладна