Темен режим Режим на светлина

„Шанса за Центар“: На шверцерски начин додадени нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Нова висококатница на паркингот кај „Рамстор“ во висина од 23 метри на шверцерски начин е протната во новиот ДУП, што заеднички го изгласаа советниците на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ на седница на Советот на општина Центар, соопшти денеска Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“. Според Иниицјативата, која во Советот на Центар има тројца советници, и новиот објект на КАМ на спротивниот крај на улицата расте од 16 на 23 метри…

Според нив, вака предложените измени на ДУП-от за потегот кај старата железничка Станица  се спротивни од планот даден на јавна расправа и спротивно на ГУП-от, а базирани на одлуки од нова и попустлива Комисија формирана 2022 која одлучила поинаку од Комисијата во 2020 на барањата по Јавната анкета.

-Иронијата да биде поголема, во документот кој се однесува на Заштита и спасување од урнатини, се вели дека објектите се високи 10,3 метри, планерката вели дека се 21 метар, а во измените на планот изгласани вчера се вцртани објекти со висина од 23 метри. Веруваме дека не се работи за превид или техничка грешка, туку намерна конфузија за да се отвори простор за профитерите-моќници кои очигледно имаат поддршка од оние кои треба да носат одлуки во корист на жителите на општината и заедницата. На овој начин, политичко-профитерската спрега вметна нови 15.000 м2 површина во планот. Резултатот ќе биде концентрација на моќ и заработка кај малкумина, а на штета на градот и неговите жители, соопштуваат од „Шанса за Центар“.

Оттаму додаваат дека планот поминал со позитивно мислење од Дирекција за заштита и спасување и од Министерство за транспорт и врски, очигледно со „затворени очи“.

„Шанса за Центар“ заклучува дека одговорноста во овој систем не постои, а човечкиот живот губи вредност секој миг.

-Намерата со изработката на овој план беше да се реши само потребата на жителите на ќошот од просторот кон Водњанска. И барањата од „На Точка – здружение за урбан велосипедизам“ континуирана велосипедска мрежа во овој опфат не се прифаќаат. Но, инвеститорскиот урбанизам победи и со интервенции од повисоко, се задоволи алчноста на малкумина. Вкупно нови 15.000 м2 површина се најдоа во планот, во превод, многу милиони евра квадрати деловен и станбен простор. Бројот на жители во оваа четврт според ГУП е 1.000 жители, но само со постојните објекти овој број е многукратно надминат, се потенцира во соопштението.

Се наведува дека „Шанса за Центар“ ќе ги искористи сите правни и административни механизми на располагање за да ја спречи реализацијата на овие измени.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош

Просечната плата во мај изнесувала 36.465 денари

Следна објава

Шокантно откритие на ФБИ: Џозеф и Хантер Бајден добиле 10 милиони долари од украински олигарх