Изложба на 242 детски ликовни творби и 23 инфопанели во Кинотека

“Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена денеска во галеријата на Детскиот ликовен центар во Кинотеката на Македонија.

Ќе бидат претставени 242 детски ликовни творби и 23 инфопанели, а заради ковид-ситуацијата ќе биде отворена онлајн.

Инаку првонаградените ученици се: Павел Милановски – ООУ,,Кочо Рацин“ Куманово, Герардо Сиљаноски – ООУ,,Коста Рацин“ Брвеница, Ива Затенко – СУГС ,,Никола Карев“ Скопје, Михаил Ламбевски – ООУ „Братство“ Скопје, Сара Цветкова – ООУ,,Мирче Ацев“ Скопје, Сара Цветановска – ООУ,,Невена Георгиева Дуња“ Скопје, Џерен Нуредин – ООУ,,Тефејјуз“ Скопје, Бојана Цветковска – ООУ,,Његош“ Колонија Идризово и Мила Величковска – ООУ,,Гоце Делчев“ Илинден.

Претходна вест„Лајка“ тврди дека лови кучиња скитници, но како истите глутници напаѓаат во Аеродром?
Следна вестОблаците ќе го кријат сонцето, ќе дува умерен ветер