„Лајка“ тврди дека лови кучиња скитници, но како истите глутници напаѓаат во Аеродром?

Стационарот на кучиња бездомници „Лајка“ соопшти дека тимови од професионалци на терен заловувале кучиња, ги прегледувале и хумано ги згрижувале.

-Тим од сертифицирани професионалци започна со заловување на бездомните кучиња низ градот Скопје и нивно сместување во суви и топли апартмани со подно греење и легла според сите стандарди, под редовна контрола, третман и нега од страна на ветеринарниот тим и негувателите во прифатилиштето на ЈП Лајка, велат од таму.

Ако ова се спроведува тогаш проблеми низ скопските улици би требало да се намали, ама не е така. Имено, секојдневно билтените на МВР се полнат со случаи на граѓани каснати од куче скитник. Скопјани прашуваат:

-Како тврдите дека работите на терен кога пак низ улиците врие од скитници кучиња, гладни, агресивни?!
-Каде вршите заловувања кога на Кеј и во Аеродром врие од кучиња?

Според реакциите од граѓаните, но и статистиката што ја води МВР, очигледно е дека нешто повторно не е како што треба. На „Лајка“ или и е неопходно засилување од повеќе тимови или пак доцна почна да работи – иако беше најавувана неколку пати од страна на градоначалникот Петре Шилегов. Се повторува ли историјата со отварањето на „Лајка“ сега кога се работи на терен: тие тврдат дека се лови, а во Аеродром на пример истите глутници од претходно секојдневно напаѓаат луѓе?

Претходна вестПотврдени 977 нови случаи на вирусот, починаа 31 лице
Следна вестИзложба на 242 детски ликовни творби и 23 инфопанели во Кинотека