Во чест на светскиот ден на поштите, денеска се отвора изложбата „Културното богатство во марките на Македонска пошта“, во Музејот на Македонија.
Посетителите но и колекционерите на поштенски марки ќе можат да видат стотина марки издадени по различни поводи, тргнувајќи од претставата на резбите во манастирот „Свети Јован Бигорски“, црквата „Свети Спас“, полошкиот иконостасен крст, иконите и фреските од земјава, како и претставите на верските објекти од христијанската и исламската архитектура и уметност.
Изложбата е илустрација дека Македонија има со што да се пофали и со тоа дава значаен придонес во градењето на европската и светската култура.