Изложба на Исмане Мехди од денеска во КИЦ

Вечерва, со почеток во 18 часот во изложбениот салон – Империјал 2 при Културно информативниот центар, љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во изложбата на над 20 дела на уметницата Исмане Мехди. Сите се изработени со техника на платно во периодот од 2018 – 2021 година.

Исмане Мехди е родена 1990 година во Гостивар. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност при Државниот Универзитет во Тетово, оддел сликарство во класата на професорот Решат Амети. Член е на Здружението на ликовни уметници на Македонија, каде била и потпретседател во 2018 година.

Во моментот Мехди работи како професор по ликовна уметност во училиштето „Исмаил Ќемали“ –Гостивар, а досега реализирала три самостојни изложби, од кои две во Македонија и една во Турција. Добитничка е на наградата ,,Art friendship Ambassador” од Национална академија за култура и уметност во Куала Лумпур, Малезија.

Претходна вестЌе спречат ли жителите на Гази Баба нова еколошка катастрофа?
Следна вестСончево мала облачност, температура до 14 степени