Темен режим Режим на светлина

Израел соопшти дека целосно го запира внесувањето помош и залихи за Појасот Газа

Израел денеска соопшти дека целосно го запира влезот на сите стоки и залихи во Појасот Газа и предупреди на „дополнителни последици“ доколку Хамас не прифати нов предлог за продолжување на примирјето, јавија светските агенции.

Хамас, од своја страна го обвини Израел дека се обидува да го наруши кревкиот прекин на огнот и рече дека одлуката на Израел да ја прекине помошта е „евтина изнуда, воено злосторство и бесрамен напад на договорот за прекин на огнот.

Првата фаза од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, кој вклучуваше зголемување на хуманитарната помош за Газа, истече вчера (1 март).

Двете страни допрва треба да преговараат за втората фаза во која се очекува Хамас да ослободи десетици преостанати заложници во замена за повлекување на Израел од Газа и траен прекин на огнот.

Израел претходно истиот ден изјави дека го поддржува предлогот за продолжување на првата фаза од прекинот на огнот до Рамазан и Пасха, или 20 април. Во соопштението се вели дека предлогот дошол од пратеникот на администрацијата на Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф.

Според предлогот, Хамас ќе ослободи половина од заложниците првиот ден, а останатите кога ќе се постигне траен договор за прекин на огнот, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

За објавата на Тел Авив засега нема коментар од САД, Египет или Катар, кои посредуваа меѓу Израел и Хамас повеќе од една година за постигнување договор за прекин на огнот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Потврдено по вештачење: марихуаната од Србија е наркотична

Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот

Следна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

СДСМ: Со Трипуновски и ДПМНЕ на земјоделците им е многу полошо