Темен режим Режим на светлина

Јанша го знае решението за проблемот на границите, но не кажува чиј е нон-пејперот

Словенечкиот премиер Јанез Јанша смета дека проблемот со границите на Западен Балкан може да се реши ако сите држави влезат во ЕУ. Ова како што вели е стратешка цел неговата земја, Словенија, која за еден месец ќе го преземе кормилото на Европската Унија.

-На прашањето како можеме да ги решиме проблемите околу границите, одговарам дека тоа е преку европска перспектива, ако дозволиме некои земји да станат членки и тие проблеми ќе исчезнат, одговори Јанша на прес-конференција.

Но, на новинарско прашање за словенечкиот нон – пејпер кој циркулираше во Брисел пред неколку месеци со кој се заговараше промена на границите о регионот, Јанша не кажа дали тој или неговата влада е автор на овој документ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Конечно вакцини за лицата со ретки болести и нивните старатели

Следна објава

Швајцарија 7 години преговараше со ЕУ и на крај се повлече