Темен режим Режим на светлина

Кај Градско мигрант загина од струен удар на покрив од воз

Регионалниот ЦУК Велес известува дека преку единствениот број за итни повици Е-112 во ЦУК е добиена информација дека мигрант, кој се качил на покривот на вагоните на воз, што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје.

Тој во населеното место Градско дошол во допир со кабел на електрична енергија при што лицето добило струен удар.

Случајот е пријавен во МВР и Итна медицинска помош.

Според информациите добиени од МВР лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош било констатирано истото.

Настраданото лице е од машки пол на возраст од околу 30 години.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Здравствените работници бараат покачување на платите за 30 проценти во спротивно најавуваат протести

Следна објава

Американската Влада објави мапа со најголемите жаришта на НЛО