Темно Режим Светло Режим

Карпош ќе организира бесплатни обуки за дигитална писменост на повозрасни граѓани од општината

Карпош ќе организира бесплатни обуки за дигитална писменост на повозрасни граѓани од општината Карпош ќе организира бесплатни обуки за дигитална писменост на повозрасни граѓани од општината

Општина Карпош во соработка со аутсорсинг компанијата од средината на следниот месец ќе започне со реализација на бесплатни обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, како проект од годишната програма за еднакви можности меѓу жените и мажите.
Следење на обуките ќе опфати три категории и тоа постарите жители на Карпош, лицата во социјален ризик и лица од маргинализирани групи.
Обуките ќе се одржуваат секој вторник во просториите на училиштето „Јан Амос Коменски”.
„Оваа иницијатива ќе им помогне на повозрасните граѓани, како и на лицата од социјален ризик и маргинализираните групи граѓани, полесно да зачекорат во дигиталниот свет, односно да стекнат вештини за примена на паметните телефони, како и користење на услугите како што се електронското банкарство, комуникациски апликации, социјалните мрежи итн,“ нагласија од Општина Карпош.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Стоп за насилството – сцената зборува: учениците од „Лазо Ангеловски“ против булингот

Стоп за насилството – сцената зборува: учениците од „Лазо Ангеловски“ против булингот

Следниот Пост
Измамници во Франција убедувале клиенти да им ги предадат картиците, па им ги празнеле сметките

Измамници во Франција убедувале клиенти да им ги предадат картиците, па им ги празнеле сметките