Темен режим Режим на светлина

Казнети 15 моторциклисти, осум возачи биле без дозвола, шестмина поминале на црвено…

Бројни сообраќајни прекршоци и вчера биле направени на скопските сообраќајници. Вообичаено, најголем дел од несовесните возачи не го почитувале ограничувањето на брзината. Заради овој прекршок вчера биле изречени 45 санкции, меѓу вкупно 161 казна определена од страна на сообраќајна полиција.

-Имало и осум мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли. Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за возач почетник…, соопшти полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Предлогот за уставните измени влегува во собраниска процедура

Следна објава

Изложба на фотографии од некогашното Еврејско маало во Скопје