Возат пијани, без возачка, пребрзо… Накратко ова е епилогот од вчерашната сообраќајна контрола на скопските улици. Вкупно 344 возачи заработија казни за непочитување на сообраќајните правила и прописи.
– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот изрече вкупно 344 мерки. 155 за возење повеќе од дозволената брзина, 36 мерки за возење без возачка дозвола, 38 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 6 мерки за користење мобилен телефон при возење, 6 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 7 мерки за возење без сигурносен појас, се вели во соопштението од МВР.
Најавени се сообраќајни контроли и во наредните денови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





