Километарски колони за влез во Грција и кон Охрид

Новиот празничен продолжен викенд повторно направи гужви на граничните премини кон Грција. Особено е долго чекањето на излезот „Богородица“, но чекање има и на граничниот премин Дојран.

Според информамациите од граничните премини на „Богородица“ се чека и повеќе од еден час. Проценка е дека од утрово илјадници возила од земјава и од Србија ги минуваат преку Богордица и Дојран за неколку дена одмор во Грција.

За разлика од минатите два викенди, овојпат долги колони и гужви има и на преминот во Дојран.

Долги колони возила се забележуваат и кон Охрид и Струга. Километарска колона со возила има од последната патарина кај Гостивар кон Кичево. Гужви има и по Кичево, па се до Охрид. Охриѓани веќе најавија дека очекуваат многу поголема посетеност на градот отколку за велигденските празници.

Во претходните денови, хотелиерите посочија дека најголем дел од капацитетите им се резервирани односно исполнети. Во градот освен домашни туристи, има и групи од странство дојдени со тур-оператори.

Претходна вестВечерва блокада на сообраќајот кај Собранието
Следна вестКуманово остана без пајак-возилото, од „Куманово паркинг“ тврдат дека е политички  притисок