Темен режим Режим на светлина

Ќе се направат ли конечно катни гаражи во Кисела Вода, оти тротоарите наместо за пешаци се користат за паркирање

Ќе се направат ли конечно катни гаражи во Кисела Вода, оти тротоарите наместо за пешаци се користат за паркирање Ќе се направат ли конечно катни гаражи во Кисела Вода, оти тротоарите наместо за пешаци се користат за паркирање

Во Кисела Вода сообраќајниот хаос е секојдневие, тротоарите најчесто не служат за пешаци, туку за паркирани автомобили. Возилата се оставаат половина на тротоар, половина на улица, со што се блокира и движењето на граѓаните и нормалниот проток на сообраќајот. Мајки со колички, повозрасни лица и ученици се принудени да се симнуваат на коловозот за да поминат.

И тоа не е се – таму каде што има слободни тротоари, често не се уредени и со месеци зјаат дупки и раскопани површини по нив.

Добро е што градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, става приоритет на оваа општина како една од првите за воведување ред во паркирањето, преку воведување зонско паркирање и изградба на монтажни катни гаражи.

Но, ќе има ли место таму каде треба да се направат гаражите оти беспланското градење во изминатите години ја пренатрупаа со објекти Кисела Вода?

Сепак, жителите од овој дел на Скопје очекуваат сега конечно ветувањата да се остварат, оти и скопскиот градоначалник е од нивната општина. Орце Ѓорѓиевски е на потег.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Наместо мраз во „Кале“ – замрзна потребата за обнова на некогашниот храм на зимските спортвои кој е претворен во руина

Наместо мраз во „Кале“ - замрзна потребата за обнова на некогашниот храм на зимските спортови кој е претворен во руина

Следна објава
Почна Рамазанскиот пост – верниците се воздржуваат од јадење и пиење

Почна Рамазанскиот пост - верниците се воздржуваат од јадење и пиење