Темен режим Режим на светлина

Почна Рамазанскиот пост – верниците се воздржуваат од јадење и пиење

Почна Рамазанскиот пост – верниците се воздржуваат од јадење и пиење Почна Рамазанскиот пост – верниците се воздржуваат од јадење и пиење

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го започнаа Рамазанскиот пост, кој трае 29 дена и завршува на 20 март. Во текот на постот, од изгрејсонце до зајдисонце, верниците се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламското учење, Рамазан е месецот во кој првите стихови од Куранот му биле објавени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот е еден од петте столба на исламот и претставува верска обврска за физичко и духовно прочистување.

За време на Рамазан, верниците не се воздржуваат само од храна и пијалаци, туку и од лоши зборови и дела, со цел морално и духовно издигнување. Постот е задолжителен за секој полнолетен и здрав муслиман, додека од обврската се изземени болните, бремените жени и лицата кои вршат тешка физичка работа.

По завршувањето на постот, на 20 март започнува Рамазан Бајрам, кој се празнува три дена. Празникот традиционално се одбележува со семејни собири, празнична трпеза и посети на роднини и пријатели. Рамазан е деветтиот месец од исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник, па 20 март (петок) ќе биде неработен ден за сите граѓани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ќе се направат ли конечно катни гаражи во Кисела Вода, оти тротоарите наместо за пешаци се користат за паркирање

Ќе се направат ли конечно катни гаражи во Кисела Вода, оти тротоарите наместо за пешаци се користат за паркирање

Следна објава
Силно невреме во Романија: 200.000 домаќинства без струја

Силно невреме во Романија: 200.000 домаќинства без струја