Темен режим Режим на светлина

Тоневски: Стоп за дивите депонии во Пробиштип

Тоневски: Стоп за дивите депонии во Пробиштип Тоневски: Стоп за дивите депонии во Пробиштип

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека започнува координирана акција за отстранување на дивите депонии на повеќе локации низ општината.

Како што соопшти, во текот на наредниот период ќе бидат исчистени вкупно 14 идентификувани точки со неправилно одложен отпад, со цел враќање на чистотата и уредноста на јавниот простор.

„Чистата животна средина е заедничка одговорност и обврска на сите нас. Само со совесно однесување и почитување на правилата можеме да обезбедиме здрава и уредена околина за сегашните и идните генерации“, истакна Тоневски.

Тој апелираше до граѓаните да не создаваат нови диви депонии и отпадот да го одложуваат исклучиво на предвидените места, нагласувајќи дека заедничката грижа е клучна за почиста и поубава општина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Проданоски: Првите 100 дена поставија темели за развој на Прилеп

Проданоски: Првите 100 дена поставија темели за развој на Прилеп

Следна објава
Трамп ја повика Куба на договор со Вашингтон

Можен е напад и во наредните неколку часа: Трамп свика итен состанок за Иран