Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Поради обилни врнежи од снег, од 6:50 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопшти ЈП „Македонијапат“.
– Врнежи од снег со променлив интензитет има и на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени делници кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони – информираат од претпријатието.
Од Автомотосојуз на Македонија соопштија дека интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.




