На два месеца пред избори, трошејќи ја десетата плата зголемена за 78%, пратениците на СДСМ поднесоа измени на сите закони со кои се регулираат функционерските плати. Ќе се интервенира во 6 закони. Кај сите во скратена постапка. Се работи за минимално кратење на коефициентите со кои се множи просечната плата како основица за месечните примања на функционерите.
„Во законот за пратеници во членот 29 став 2 се менува и гласи: коефициентите на платите на пратениците изнесуваат од 3.4 до 3.92, а биле од 3.5 до 4.1. Не случајно почнувам со пратениците бидејќи нефер секогаш ние како пратеници сме на удар на јавноста, а од друга страна станува збор за 120 пратеника, а зголемувањето на избрани и именувани функционери е бројка од 1.060. Можам да го споделам и законот за плата и други надоместоци кај претседател на собрание или влада, 4.50 се заменува со 3.92“, вели Мартин Костовски од СДСМ, пренесе Сител телевизија.
Нејасно е како функционерските плати ќе останат исти кога коефициентите ќе се скратат минимално, а просечната плата незапирливо расте, па така со овие законски измени може само да се заузда зголемувањето за оваа година и наместо 15%, ќе добијат помало покачување, а догодина повторно ќе има голем скок на функционерските, заедно со просечната плата.
Повеќе за оваа информација која ја пренесе Сител прочитајте ОВДЕ