„Фанфари за еден пријател“ е насловот на концертот што ќе се одржи во четврток со почеток во 20 часот во Филхармонија, а е посветен на еден од најзначајните диригенти на македонската музичка сцена, маестро Саша Николовски-Ѓумар.
Диригентската палка вечерта е во рацете на Габриел Бебешелеа, а на програмата се дела Арон Копланд, Пол Дика, Шарл Гуно, Флорент Шмит, Рихард Штраус и младиот македонски композитор Ангел Спироски. Со концертот „Фанфари за еден пријател“ ќе биде промовиран и серијалот „Пред концертни разговори“ како нова практика на Филхармонија.