Котлар: Шолц нека си ги земе „храбрите“ политичари, нам ни требаат умни, чесни…

Денешната посета на германскиот канцелар Олав Шолц на Скопје предизвикува многу коментари и кај политичарите и кај граѓаните. Со свое видување се јави и познатата историчарка Наташа Котлар. Таа преку својата Фејсбук објавата упати и порака до Шолц.

– Среде Скопје Шолц е воодушевен од храброста на македонските политичари, што тие, пред неколку години, силно ја вложиле за надминување на проблемот со Грција. Затоа, сега тој ни ветува дека ќе добиеме датум за членство во ЕУ!

Искрено му порачувам, а чуму ни е датумот, па ние (Македонците) и со него и без него, секој ден умираме, исчезнуваме! Нека си ги земе со него „храбрите“ политичари, нам на Македонците, ни требаат умни, чесни и разборити!, пишува професорката Котлар.

Воедно таа во својата реакција го потсетува германскиот канцелар: „на еден таков умен политичар (баш германски) – на првиот вонреден и ополномоштен амбасадор на СР Германија во Република Македонија – Ханс Лотар Штепан“.

-Тој многу умно, велеше: „Сите народи во светот го имаат тоа право [на самоопределување], така и Македонија може сама да решава за својот идентитет, за своето име. Никој не треба да се меша… Македонците имаат најголемо право за употреба на своето име Македонија.“

Е, ваков политичар ни треба, а потоа може и датумот да ни го ветат, завршува професорката Котлар.

Претходна вестИ Шолц среде Скопје ни вети дека ќе добиеме датум
Следна вестАМСМ: Отворен за сообраќај регионалниот пат, Росоман- Прилеп, кај место викано „Трите ленти“