Темен режим Режим на светлина

Скопјани синоќа возеле пијани, полицијата казни 30 возачи и ги исклучи од сообраќај

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 часот на 11.06.

до 05.00 часот на 12.06.2022 на територија на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 30 возачи.

Тие се веднаш исклучени од сообраќај и ќе бидат соодветно санкционирани.

За време на контролата биле санкционирани и 26 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Заврши школската година, дали е крај и за реформата на Мила Царовска?

Следна објава

Мисајловски: Ковачевски се смее на понижувањата на Македонија. Оставка!