Темен режим Режим на светлина

Ковачевски го честиташе празникот Прочка: Големината на човекот е во простувањето

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати честитка за празникот Велики поклади – Прочка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, Г.Г Стефан и до членовите на Светиот архиерејски синод, како и на целиот свештенички и монашки клир, и до сите православни верници кои го празнуваат празникот.

– Пораката од денешниот празник е благородна и исполнета со човечки вредности, затоа што големината на човекот е во простувањето. Да простуваме и да ни биде простено, да продолжиме по патот кон градење успешно и среќно општество со рамноправни граѓани. Да се почитуваме меѓусебно, да се обединиме сите заедно околу вистинските вредности и да обезбедиме мир, пријателство и благосостојба за секој граѓанин.

Меѓусебното разбирање и почит се основата за да можеме да градиме интегрирано општество каде ќе се почитуваат човековите права и ќе се развиваат демократските вредности. Нека е честит и за многу години празникот, вели премиерот Ковачевски во честитката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Која е цената за опстанок на владата на Ковачевски?

Следна објава

Чаирската улица „Војдан Чернодрински“ преименувана во „Хоџа Атаула Куртиши“